Перез со затворена лига ќе го спасува фудбалот

by
1 минути читање

Богатите клубови си создадоа затворена лига и со заработените пари ќе се обидат најпрво да се извадат од долговите кои ги имаат а потоа и да стануваат уште побогати, но првиот човек на Лигата, Флорентино Перез вели дека го спасува фудбалот, иако фудбалот е многу повеќе од грст елитни клубови.

„Ние сакаме да го подобриме фудбалот. УЕФА е монопол. Во Реал Мадрид дојдов во најтешкиот период за да го спасам, кога немаше интерес за него. Се што работам е за доброто на фудбалот. Во 50тите години беше создаден Купот на Европските шампиони за да го спаси фудбалот, сега го правиме истото. Јас и сите ние во Суперлигата се бориме за иднината на фудбалот, иако има луѓе кои не не сфаќаат сериозно. Фудбалот еволуира како и се друго и мора да се адаптира на денешницата. Се што правиме е за фудбалот да опстои, Суперлигата е создадена за да се спаси фудбалот. Со актуелната ЛШ само ќе продолжевме да се давиме“, вели Флорентино Перез.

„Големите клубови во Англија, Италија и Шпанија требаше да најдат решение за оваа многу лоша ситуација во која поминува фудбалот. Когоа немате приходи освен од тв пара, најдобар начин е да создадете нешто во кое ќе може да играте повеќе атрактивни мечеви. Тоа беше појдовната точка. Нешто мораше да се направи. Фудбалот е глобален спорт и овие 12 тимови имаат фанови на секој дел од светот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×