По крајот на мечот меѓу Лидс и Ливерпул, Џејмс Милнер беше запрашан што мисли за Суперлигата.
„Исто како и сите, има многу прашања. Можам да го кажам само моето гледиште, не ми се допаѓа и се надевам дека нема да се случи. Можам да замислам се што е кажано досега за Суперлигата и веројатно се согласувам со многу од тоа“, изјави Милнер.
„Овој сегашен систем долго време функционира одлично, тоа што го прави посебен може да се види од нашата приказна во изминатите години како дојдовме до трофејот до Лигата на шампионите и Премиерлигата“.
Пред него и Јирген Клоп кажа дека е против Суперлигата.
Во текот на денот и Бруно Фернандеш со споделување на стори го покажа својот став против тоа затворено натпреварување.
Засега тоа се тројцата членовите на тимови од основачите на Суперлигата кои јавно се побунија против неа.