Клоп е првиот тренер од учесниците во Суперлигата кој го крена гласот: Моето мислење не е променето!

by
1 минути читање

Јирген Клоп вели дека неговото мислење од 2019 не е променето, тој е против Суперлигата.

„Моите чувства не се променети. Моето мислење не е променето. Синоќа првпат случнав за тоа додека се обидував да го подготвам тимот за овој тежок меч“, вели Клоп.

„Имаме некои информации, но не многу. Најмногу од весниците. Ова е тешка одлука. Луѓето не се среќни со неа, и можам да ги разберам. Не можам да зборувам повеќе бидејќи ние не сме инволвирани во процесот, ниту фудбалерите, ниту јас не знаеме многу за тоа. Треба да почекаме и да видиме како ќе се развива“.

Изјавата на Клоп од 2019 година можете да ја видите на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×