473
Бетис на еден
мошне интересен начин го даде своето мислење за т.н. Европска Супер Лига зад
која официјално застанаа 12 клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, Барселона и
Атлетико Мадрид од Шпанија.
Зелено-белите на
својот официјален клупски сајт ги избришаа трите клуба кои се едни од
основачите на Суперлигата, со тоа што нив повеќе ги нема на табелата во
Примера, па со самото тоа се доведоа во ситуација за пласман во Лигата на
шампионите за идната сезона.