Сништата не можат да се купат: Фернандеш ги стопли срцата на вљубениците во фудбалот со оваа објава (ФОТО)

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш стана првиот фудбалер кој директно е
инволвиран во т.н. Европска Супер Лига кој го прекина молкот за контроверзното
натпреварување кое отвори фронт со вистинските љубители на фудбалската игра.

Фудбалерот од
средниот ред на „Црвените ѓаволи“ ја сподели објавата на својот сонародник
Даниел Поденсе од Вулверхемптон во која тој ја опиша приврзаноста кон Лигата на
шампионите.

Топката, песната,
сонот, волејот на Зидан, соло акцијата на Кака, Ливерпул во Атина, Оле во
Барселона, Крис и Сидорф… постојат некои работи кои ние едноставно не можеме
да ги купиме
“ стоеше во објавата на Поденсе, која беше споделена и од
Фернандеш, со дополнение
: Сништата
не можат да се купат
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×