569
Поранешниот
француски фудбалски стратег, долгогодишен тренер на Арсенал, Арсен Венгер смета
дека т.н. Европска Супер Лига е една лоша идеја, а повика на обединетост против
тоа прашање.
„Би рекол дека
тоа е само една лоша идеја, фудбалот мора да остане обединет, тоа е најважното
нешто“ изјави Венгер во изјавата за „ТолкСпорт“.
„Сево ова се
базира на спортско мерило, како и општо за почитување на историјата која беше
изградена од европскиот фудбал“ додаде Венгер.
„Не знам што
конкретно е зад сево ова, но ова е една доста опасна идеја која претставува и
голема опасност кон Премиерлигата воедно“ заклучи Венгер.