Клубовите од ЕСЛ би добиле секаква правна битка, предупредува експерт

by
1 минути читање

Клубовите учесници
во т.н. Европска Супер Лига имаат добра шанса да ја добијат било која правна
битка против УЕФА доколку фудбалските власти се обидат да им ги блокираат плановите
за новото натпреварување, предупредува правен експерт.

Од УЕФА останаа
децидни на ставот дека клубовите учесници во ЕСЛ ќе бидат суспендирани во
своите национални првенства, но и европски натпреварувања, а фудбалерите во тие
клубови дури нема да бидат во можност да настапуваат за своите национални
селекции.

Експертот во
спортско право, Марк Орт од адвокатската канцеларија „МЕО“ во изјава за „Спортсмејл“
објаснува дека клубовите од ЕСЛ би ја добиле секоја битка против УЕФА.

Јас стојам на
ставот дека тие имаат еден доста силен случај, судот е вистинското место каде
се решаваат сите проблеми
“ вели Орт, кој воедно советува клубови години наназад
во поглед на правото.

Овие клубови
имаат добра шанса за да добијат било каков случај на оваа тема, постојат добри
и ветувачки можности за стартот на Суперлигата
“ додава тој.

Орт е убеден во
сопствениот став базирајќи се на фактот дека две европски судови одбија казни и
слични дејствија против други спортски федерации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×