Фудбалот се
промени драстично, а големите љубители на најпопуларниот спорт во светот
обединето застанаа против идејата за формирање на т.н. Европска Супер Лига, зад
која и официјално застанаа 12 гиганти.
Меѓу нив е воедно
и Барселона, па така медиумите потсетија на ставот на првиот човек на тој клуб,
Жоан Лапорта, кој пред повторно да биде назначен за претседател на каталонскиот
гигант, беше против таквата идеја.
„Сметам дека
Европската Супер Лига ја убива фудбалската индустрија“ рече Лапорта пред да
биде избран за старо-нов претседател на Барселона годинава, во периодот кога на таа позиција беше Жозеп Мариа Бартомеу, кој се наведуваше како еден од главните креатори на таа идеја.
„Се работи само
за пари, ништо друго, но тоа е моето лично видување на оваа тема, како и од тоа
што досега го разбрав, слушнав…“ додаде тој во изјавата за „КОПЕ“.
„Имам навистина
малку информации на оваа тема, околу форматот на натпреварувањето, односно
целата организација на сето тоа, но повеќе ја преферирам страната која вели
дека парите не се единственото нешто во светот“ заклучи тогаш Лапорта.