Андреа Ањели кој до вчера ја имаше улогата на претседател на ЕКА (Европската клупска асоцијација), заедно со УЕФА ги правеа реформите во Лигата на шампионите. Но одеднаш тој синоќа се повлече од таа функција и објави дека е потпретседател на Суперлигата.
Ањели додека му давал поддршка на Чеферин за новата ЛШ, ја договарал Суперлигата. Претседателот на УЕФА јавно кажа колку е згрозен од ваквиот гест.
„Во мојот живот сум видел многу работи. Бев адвокат за криминал. Но, никогаш не сум видел човек кој толку многу лаже и е константен во тоа. Тоа што го направи Ањели е неверојатно. Тој ми се јави во саботата попладне и ми рече, не се грижи тоа се само шпекулации. Не се грижи, ништо не се случува. Потоа рече ќе ти се јавам за еден час. Го исклучи телефонот и следното што го добивме е соопштението. Ањели е најголемото разочарување од сите“, вели Чеферин.
„Можеби сме наивни што не знаеме дека имаме змии блиску до нас. Наскоро ќе одиме и на суд за ова“.
„Очигледно дека алчноста е толку многу силна што сите човечки вредности испаруваат“.