172
Се очекува во наредниот период клубовите кои учествуваат во Суперлигата да го почувствуваат гневот на своите навивачи. Во Англија веќе почнаа.
Фановите на Ливерпул на Енфилд ставаат банери изразувајќи го својот револт, на еден од нив пишува: „Срам да ви е. Почивај во мир Ливерпул, 1892-2021“.


За утре е најавен протест на навивачите на Челси кој на улиците околу стадионот ќе го искажат својот револт.