12 фудбалски моќници решија да си направат сопствена лига и приходот да си го делат меѓусебе. Тоа значи дека ќе има многу повеќе пари за нив, планот е секој учесник само на стартот да добие по 350.000 милиони евра.
Мотивот кај нив е јасен, парите, иако се кријат зад желбата на фановите да добијат повеќе дерби натпревари, сепак се очекува гневот од навивачите допрва да го слушнат.
УЕФА денеска има состанок во Нион, а според „Газета дело Спорт“ започната е постапка за тужба на клубовите кои ја создаваат оваа лига. Ќе се бара отштета од околу 60 милијарди евра поради уништувањето на еден комплетен систем.
Се уште не е јасно точно по кои основи ќе бидат тужени овие клубови, но адвокатите на УЕФА работат на случајот и веројатно веќе имаат идеи.
Фудбалскиот свет со сите сили ќе се бори за згаснување на оваа идеја за елитизирање на фудбалот.
УЕФА и домашните федерации веќе најавија исфрлување на овие клубови од сите други натпреварувања.
Засега само француските и германските клубови се повлекоа од идејата за Суперлигата.