Официјално е потврдено формирањето на Суперлигата, 12 гиганти застанаа зад овој проект

by
1 минути читање

Фудбалот дојде до својата најсрамна точка од своето постоење, газдите на богатите клубови решија да си направат сопствена затворена лига во која ќе си играат тие меѓусебно.

Стигна и официјалното соопштение за формириање на оваа лига. Претседател ќе биде Флорентино Перез од Реал Мадрид, потпретседатели се Андреа Ањели од Јувентус и Џоел Глејзер од Манчестер јунајтед.

„12 од европските водечки клубови денеска заедно соопштуват дека се сложија да настапуваат во едно ново натпреварување кое ќе се игра во средина од неделите, Супер Лигата. Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотнем се клубовите основачи“, стои во соопштението.

Во соопштението тие пишуваат дека дошло време за нова ера во фудбалот и дека тоа го прават за фановите од кои имаат поддршка. Но јасно е дека не е така, ги интересираат само парите кои ќе ги добијат.

„Ќе му помогнеме на фудбалот на секое ниво и ќе го однесеме на вистинското место во светот. Фудбалот е единствениот глобален спорт во светот со повеќе од четири милијарди фанови и наша одговорност како големи клубови е да одговориме на нивните желби“, изјави претседателот на Суперлигата, Флорентино Перез.

Сличено беше излагањето и на Андреа Ањели.

„Нашите 12 клубови основачи, претставуваат милијарди фанови во светот и 99 европски трофеи. Дојдовме до критична точка, и сакаме да го промениме европското натпреварување, да ја ставиме играта која ја сакаме на одржлива основа за долгорочна иднина, ја зголемуваме солидарноста и давајќи им на фановите и аматерските фудбалери редовен тек на големи мечеви кои ќе ја кранат нивната пасија“, вели Ањели.

УЕФА, ФИФА и домашните федерации застанаа силно против овој проект, најавија исклучување на клубовите од сите натпреварувања. 

Војната започна, останува да видиме кој ќе победи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×