Алчните сопственици на гигантите заговараат формирање на затворена Суперлига, но се појасно е дека тоа нема да се случи.
УЕФА и фудбалските федерации на најдобрите домашни лиги се договорија да ги затворат вратите за клубовите кои ќе настапат во таа Суперлига.
„УЕФА, ФА и Премиерлигиата, Шпанската фудбалска федерација и Ла Лига и Италијанската фудбалска федерација и Лега Серија А, дознаа дека неколку англиски, шпански и италијански клубови планираат да создадат затворена таканаречена Суперлига“, се вели во соопштението на УЕФА.
„Доколку ова се случи, ние сакаме да кажеме дека УЕФА, англиската ФА, Шпанската федерија, талијанската федерација, Премиерлигата, Ла Лигата, Серија А, но исто така и ФИФА и сите наши останати членки, ќе останеме обединети во нашите заложби да го спречиме овој циничен проект, проект кој е формиран од сопствен интерес на неколку клубови во време кога на општеството му е потребно обидинување повеќе од било кога“.
„Ќе ги разгледаме сите мерки кои ни се на располагање, на сите нивоа, и правни и спортски со цел да не дозволиме ова да се случи. Фудбалот е базиран на отворени натпреварувања и спортски заслуги, не може да има друг начин“.
„Како и претходно ФИФА што соопшти, шестте фудбалски федерации нема да дозволат настап на тие клубови во сите домашни натпреварувања, како и натпреварувањата на европско и светско ниво, и нивните играчи нема да можат да играат за националните тимови“.
„Им благодариме на другите земји, особено на француските и германските клубови кои одбија да го потпишат ова. Ги повикуваме фудбалските фанови, навивачи и политичари да ни се приклучат во борбата против еден ваков проект. Овој постојан личен интерес на неколкумина трае премногу долго. Доста е“.
Ова значи дека ако се формира Суперлига, клубовите кои ќе играат во неа нема да можат да играат во ниту едно друго натпреварување, а играчите од тие клубови нема да можат да настапуваат за своите репрезентации.
Ако гигантите и по ова останат на ставот да ја формираат таа Суперлига, се очекува следни на сцена да настапат фановите кои би организирале масовни протести против ова вештачко натпреварување на богатите.