158
Росонерите дојдоа до многу важни три бода во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Резултатот беше отворен уште во 13. минута кога Ребиќ погоди за 1-0, 20 минути подоцна Дестро изедначи на 1-1.
Во 68. минута по едно нафрлување, Скамака си постгна несреќен автогол за водство на Милан од 2-1.
Во 74. минута во игра влезе Горан Пандев и створи неколку шанси за своите соиграчи, Џенова вршеше жесток притисок но Милан се одбрани и ги освои трите бода.