Бензема и натаму трпи последици од стартот на Милнер

by
1 минути читање

Напаѓачот на Реал
Мадрид, Карим Бензема и натаму трпи последици од доста незгодниот старт врз
него кој го направи фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер во реванш пресметката
од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

„Марка“ пишува
дека како резултат на тој старт, како и бурниот распоред на „Кралевите“, на
Бензема ќе му биде потребен одмор, а францускиот напаѓач вечерва би можел да
биде поштеден за гостувањето кај Гетафе.

Погледнете ја реакцијата на Зидан по одмаздата на Касемиро над Милнер за Бензема (ФОТО)

Доста
контроверзна беше таа ситуација на мечот на „Енфилд“ за што подоцна и повеќе од
веројатно е дека стартот на Касемиро над Милнер беше „одмазда“ за својот
соиграч, по што бурно реагираше Робертсон, а
Зидан имаше доста интересна реакција на сето тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×