Статистиката на Јувентус без Роналдо не ветува многу за гостувањето кај Аталанта

by
1 минути читање

Андреа Пирло
потврди дека Кристијано Роналдо нема да биде во комбинација за настап денеска
на гостувањето кај Аталанта во Серија А, а сето тоа поради повреда на
Португалецот, но постои надеж дека ќе се врати за мечот против Парма во среда.

Тоа што би
требало да го загрижува Пирло е фактот што неговите избраници успеаа да добијат
само два меча од вкупно шест на кои играле без Роналдо во тимот сезонава.

Ова ќе биде
вкупно седмо отсуство на Роналдо сезонава од натпреварите на Јувентус, а
претходно отсуствуваше четири меча во октомври откако беше позитивен на
тестирањето за ковид-19.

Роналдо има
постигнато три погодоци на петте досегашни натпревари против Аталанта, меѓутоа
ланската сезона отсуствуваше на гостувањето во Бергамо поради повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×