Една одлука на Тухел донесе шок во соблекувалната на Челси

by
1 минути читање

Одлуката на Томас
Тухел да го изостави напаѓачот Тами Абрахам од составот на Челси кој броеше 20
фудбалери за пресметката со Манчестер Сити во полуфиналето од ФА купот донела
шок во соблекувалната на тимот од „Стемфорд Бриџ“, наведе „Телеграф“.

Челси славеше
минимална победа против „Граѓаните“, а за фудбалерот кој со четири погодоци е
прв стрелец на тимот во ова натпреварување немаше место ниту во поширокиот
список, со што дополнително се подгреаа шпекулациите околу неговата иднина.

Се чини дека
повеќе од веројатно е дека Тухел во Абрахам гледа дури четврта опција и избор
за Хаверц, Вернер и Жиру, а Тухел говорејќи на оваа тема, посочи дека станува
збор за губење на самодовербата од страна на младиот напаѓач.

„Нема ништо
посебно со Тами, но тој загуби малку од својата самодоверба изминатиов период,
а јас донесов една навистина тешка одлука да го оставам вон составот, тоа беше
навистина тешка одлука“ рече Тухел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×