Реал Мадрид го реобновува интересот за Стерлинг

by
1 минути читање

Рахем Стерлинг се
врати на радарот на Реал Мадрид откако извесен период репрезентативецот на
Англија не е во прв план кај својот тренер во Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, па
често можевме да го забележиме на клупата за резерви.

26 годишниот
фудбалер се најде на клупата за резерви дури и на двата четвртфинални дуели со
Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, но и на гостувањето кај Лестер во
Премиерлигата, а стартуваше во полуфиналето од ФА купот против Челси, каде „Граѓаните“
беа елиминирани.

Стерлинг сезонава
постигна 14 погодоци, но само еден во последните 12 меча, па така според
пишувањата на „Дејли Стар“, последните случувања со него во составот на „Граѓаните“
го вклучиле алармот во Реал Мадрид.

Во прилог на
шпанскиот гигант секако оди и фактот што преговорите за нов договор на Стерлинг
се одложени за идната сезона, а офанзивецот има активен договор со клубот со
важност до 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×