Ништо од перфектна сезона за Манчестер Сити, Челси е првиот финалист во ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити имаше шанси оваа сезона да освои четири трофеи бидејќ беше активен во сите натпреварување досега, но веќе не е така, Челси денеска ги исфрли од ФА Купот.

Челси создаде повеќе шанси за гол и заслужено победи иако поседот на топката го имаше Манчестер Сити.

Клучниот момент се случи во 55. минута кога по еден контра напад, Вернер асистираше до Зијеш кој погоди за водство на Челси од 1-0 кое значеше и победа.

Во 48. минута се повреди Кевин Де Брујне и порано го напушти мечот, а од иста причина во финишот од натпреварот Тиаго Силва беше повлечен од игра.

Следен поголем предизвк за Манчестер Сити е финалето од Лига Купот против Тотнем.

Во второто полуфинале утре играат Лестер и Саутемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×