Искусниот
италијански фудбалски стратег од клупата на Интер, Антонио Конте тврди дека
критиките кон „Нероаѕурите“ се работат конкретно поради него како таргет, а се
наврати и на неговите тврдења дека Наполи е еден од претендентите за Скудетото.
„Наполи го има
еден од најдобрите состави во Серија А, јас ги вметнав во самите фаворити за
Скудетото сезонава, Гатузо одлично си ја одработува својата работа во тој клуб,
но, како што и сите знаеме, секогаш кога резултатите не се онакви какви што се
посакуваат, прв на тапет за критики е секогаш тренерот, ова не беше лесна
година ниту за мене“ рече Конте.
„Доколку некој
фудбалер побара совет од мене за тоа дали да стане тренер, јас постојано им
велам дека е потребна пасија, понекогаш дури и посакуваниот резултат ќе го
постигнете, но и натаму ќе бидете критикувани, така потребна ви е пасија за да
поминете низ сето тоа“ додаде Конте.
И покрај фактот
што Интер е цели 11 бода во предност во однос на второпласираниот Милан на
табелата во Серија А, „Нероаѕурите“ и натаму добиваат критики поради
дефанзивниот пристап во играта и чекањето контра напад.
„Јас добро ја
разбирам оваа ситуација, се работи за мене, тоа е главниот проблем, но, воопшто
не ми пречи, се’ додека не го
споменуваат Интер во таа приказна, постојат уште многу бодови кои мора да бидат
освоени, против Наполи одиме на победа, не можеме да почнеме уште сега со
калкулирање, а моето искуство ми потврди дека контрите се доста продуктивни“
заклучи Конте во пресрет на дербито со Наполи.