Мане си заминува од Ливерпул, а неговата замена доаѓа од Барселона

by
1 минути читање

Ливерпул е
подготвен да тргне во финална офанзива за потписот на 23 годишниот Осман
Дембеле од Барселона, и тоа како замена за Садио Мане за кого се верува дека на
лето може да си замине од „Енфилд“.

Актуелната сезона
е доста разочарувачка за Мане, откако досега успеа да постигне 12 погодоци во
сите конкуренции, а само пет во 2021 година, па големи се очекувањата дека „Редсите“
на лето ќе се обидат да заработат добро на негов трансфер, иако неговиот
договор истекува за две години.

Шпански „Фихајес“
тврди дека Дембеле е наследникот на Мане во тимот на Ливерпул, Французинот има
уште само една година од својот договор со Каталонците, а самиот тој потврди
дека преговори за продолжување на соработката воопшто не започнале помеѓу обете
страни.

Дембеле постигна
10 погодоци за Барселона оваа сезона, а не успеа да се наметне посебно во
дресот на Каталонците по големиот трансфер од Борусија Дортмунд вреден над 100
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×