Доколку бидат
исполнети барањата на Џанлуиџи Донарума во преговорите со Милан за продолжување
на соработката, во тој случај 22 годишниот голман ќе биде најскапоплатениот
голман во светот на фудбалот, а втор најскапоплатен од сите фудбалери во Серија
А.
Актуелниот
договор на Донарума со Милан истекува претстојново лето, а неговиот агент,
контроверзниот Мино Рајола во моментов е во Италија каде што преговара со
неколку клубови за своите клиенти, меѓу другото и за Донарума.
Се верува дека
Милан на Донарума барем засега му нуди 8 милиони евра од сезона, а голманот и
неговиот агент бараат цели 12 милиони евра годишна плата, што е двојно повеќе
од неговата плата на годишно ниво која изнесува 6 милиони евра.
Доколку успее во
намерата да добие таков договор, Донарума ќе стане најскапоплатен голман во
светот по Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед кој заработува 11 милиони евра по
сезона, а втор во Серија А по Кристијано Роналдо кој заработува нешто повеќе од
двојно од таа сума.