Мурињо за коментарите на Погба: Воопшто не ме интересира што кажал за мене

by
1 минути читање

Пол Погба ги
дочека своите пет минути и го одбра најтешкиот момент за Жозе Мурињо за да
упати „отровна стрела“ кон него, во период кога португалскиот фудбалски стратег
веројатно нема мирен сон поради очајните резултати на Тотнем, за што се
шпекулира дека му се подготвува отказ.

Разликата во тоа
што го имам во моментов со Солшер е тоа што тој е поинаков, никогаш не оди
против фудбалерите, можеби некогаш нема да ве селектира во тимот, но тоа не
значи дека ќе ве стави во некој ќош како да не постоите повеќе, тоа е големата разлика
помеѓу Солшер и Мурињо. Со Мурињо денес имате добар однос, утре не знаете што
ќе се случи, тоа е помалку чудно со него, јас навистина не можам да го објаснам

рече Погба за своето искуство со Португалецот во Манчестер јунајтед.

Запрашан за
коментарите на Французинот, Мурињо јасно наведе дека воопшто не го интересирале
зборовите на фудбалерот на Манчестер јунајтед.

Би сакал да
кажам дека воопшто не се грижам за тоа што тој го кажал за мене, не сум
заинтересиран воопшто за оваа тема
“ рече Мурињо во изјавата за „Скај Спортс“ по
синоќешното реми кај Евертон со резултат 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×