Кевин де Брујне доби нов договор со 30 проценти повисока плата од претходниот, сега е најплатен играч во Премиерлигата.
Интересно за преговорите за нов договор е тоа што Кевин Де Брујне на нив замина без агент. Вообичаено преговите ги вршат агентите на фудбалерите а играчите само потпишуваат.
Де Брујне има советници, адвокати, неговиот татко, претставници од негова агенција, но на преговите оди сам.
Тој решил и да побара услуга од компанија за статистика „Аналитикс ФК“ која прави анализи на фудбалери и тимови. Тие му ја извадиле комплетната статистика за тоа колку е важен за тимот.
Белгиецот со тие податоци заминал на преговарањето и успеал да ја добие сумата која ја бара.
Се верува дека и другите фудбалери ќе почнат да го следат овој пример на Де Брујне, да преговараат без агент, први кои тоа ќе го направат се Рахим Стерлинг и Џошуа Кимих.
