Возбудливо реми на Гудисон Парк, кое не одговара ниту на Евертон, ниту на Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем добро го почна мечот, по една грешка на домашната одбрана, Хари Кејн се најде во одлична позиција и погоди за водство од 1-0.

Но радоста не траеше долго, само четири минути подоцна беше досуден фаул врз Хамес Родригез од страна на Регилон, Сигурдсон погоди за 1-1.

По 17. минути игра во вториот дел Сигурдсон даде гол за комплетен пресврт и водство на Евертон од 2-1, но ниту нивната радост не треаше многу.

Пет минути подоцна нова голема грешка на одбраната на Евертон која повторно ја искористи Кејн за конечни 2-2.

До крајот на мечот Тотнем имаше и две стативи преку Алдервирелд и Кејн, но и Евертон имаше свои шанси за победа.

Во судиското продолжение Хари Кејн го повреди зглобот и излезе од игра, тоа може да ги загрижи фановите на Тотнем поради тоа што за помалаку од десет дена е финалето од Лига Купот против Манчестер Сити.

Ремито веројатно значи дека и двата тима ги губат шансите за пласман во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×