Анчелоти за Кин: Не чувствувам обврска да го убедувам да остане во Евертон

by
1 минути читање

Доколку го
посакува во своите редови, ПСЖ ќе мора да почне преговори за неговите услуги,
изјави предводникот на Евертон, Карло Анчелоти во однос на ситуацијата со Моизе
Кин кој е на позајмица во ПСЖ, а по лето, барем според засега договореното
треба да се врати на „Гудисон Парк“.

Не чувствувам
обврска да го убедувам да остане во Евертон, тоа е нешто за што пишуваат
медиумите, тој е на позајмица и треба да се врати назад
“ изјави Анчелоти.

Доколку ПСЖ го
посакува, во тој случај треба да почне преговори за него, ние сме отворени за
преговори, меѓутоа, доколку ништо не се случи тој ќе биде од клучно значење за
Евертон идната сезона
“ додаде Италијанецот за својот сонародник.

Според пишувањата
на дел од медиумите во Италија, се верува дека Евертон за својот напаѓач бара
околу 50 милиони евра, а интерес за неговите услуги освен ПСЖ, има и од Јувентус, но и Интер.

21 годишниот
напаѓач сезонава на 22 настапи во Лиг 1 успеа да постигне 12 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×