Се верува дека
Мартин Одегард не е дел од фудбалерите на Реал Мадрид од чија продажба
шпанскиот гигант наводно ќе собира средства за ангажман на Ерлинг Халанд или
Килијан Мбапе.
Во Арсенал се
надеваа дека ќе можат да пронајдат заеднички јазик со Реал Мадрид околу
можноста да го откупат договорот на Норвежанецот претстојното лето, меѓутоа до
тоа веројатно е дека нема да дојде.
Освен Одегард, се
шпекулира дека на листата на „недопирливи“ во редовите на шпанскиот гигант се
уште и Родриго, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде.
Одегард има
важечки договор со Реал Мадрид до 2023 година, а позајмицата во Арсенал му
истекува претстојново лето, досега на девет настапи за „Топчиите“ успеа да
запише и еден гол во Премиерлигата.