769
Погба вели дека за разлика од Солшер, Мурињо знаел да се сврти против фудбалерите, Португалецот бил непредвидлив.
„Тоа што го имам сега со Оле е поинакво, тој не би отишол против фудбалерите“, вели Погба.
„Можеби Оле нема да го одбере фудбалерот, но не го става на страна како тој да не постои веќе. Тоа е разликата меѓу Мурињо и Оле“.
„Кога имав добар однос со Мурњо, сите го видоа тоа, а следниот ден не знаеш што ќе се случи. Тоа е чудна работа која ја имав со Мурињо, не можам да ви објаснам бидејќи дури ни јас не знам“.