Се верува дека
Серхио Рамос и дефинитивно си заминува од Реал Мадрид претстојното лето, а
токму тој период му истекува неговиот актуелен договор со шпанскиот гигант.
35 годишниот
дефанзивец игра во дресот на Реал Мадрид од 2005 година, а досега запиша речиси
700 настапи за шпанскиот гигант, освојувајќи пет титули во Примера, како и
четири во Лигата на шампионите, а секако дека се надева дека ќе придодаде уште
некоја титула во својата последна сезона во тој клуб.
Во февруари се
шпекулираше дека Реал Мадрид му поставил краен рок до март за да конечно донесе
финална одлука за својата иднина, но и да размисли за понудата на клубот која
му нудеше две годишен договор но и помала плата за 10%.
Џозеп Педрерол од
„Ел Чирингито“ тврди дека Рамос ги решил сите дилеми околу својата иднина
откако седнал на маса со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кому му
образложил дека ќе си замине, а тоа се случило минатиот месец.
Рамос наводно му
посочил на Перез дека не е заинтересиран да потпише нов договор според
наведените услови во понудата, па добил одговор дека во случај да не го потпише
тој договор, клубот ќе мора да крои планови без него во новата сезона, на што Рамос
му возвратил на Перез да продолжи понатаму.