У-19: Македонија ремизираше против Црна Гора на втората контролка

by
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија за фудбалери до 19
годишна возраст одигра нерешено со резултат 1-1 против соодветната селекција на
Црна Гора во втората меѓусебна контролка на тренинг центарот „Петар Милошевски“
во Скопје.

Избраниците на Влатко Гроздановски први поведоа на мечот со
голот во 36 минута, дело на Бехар Фета, меѓутоа истото водство не успеаа до
крај да го сочуваат.

Виктор Џукановиќ во 80 минута успеа да го израмни мечот на
1-1 и уште во таа фаза да го постави конечниот исход на втората контролка,
откако во првата нашите надежи беа подобри со 2-0.

МАКЕДОНИЈА: 12. Гоце Јовчев, 3. Грегори Давков, 4. Реџепи
Самет, 4. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 9. Михаил
Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев, 18 Мартин Талаков, 20 Џемил
Јахији;

Резервни фудбалери: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 8.
Христијан Јосифовски, 13. Јован Богдановски, 14. Гордијан Христовски, 15.
Александар Коцев, 16. Решат Рамадани, 17. Антонио Мирков, 19 Али Али;

 

Фото: ffm.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×