Љубителите на
фудбалот на Островот прснаа од смеење по тоа што му се случи на Тотнем, а на
тролањето кое му се случи на клубот од Северен Лондон веројатно најмногу се
радуваат навивачите на лутиот градски ривал на Арсенал.
Тотнем го
промовираше својот нов официјален партнер, односно спонзор на самиот клуб,
станува збор за компанијата за бојадисување „Дулукс“, меѓутоа од компанијата
следеа серија тролања на сметка на Тотнем.
Компанијата беше
запрашана дали нивната маскота, кучето може да игра централен бек за Тотнем, па
одговорија дека тоа може да заврши поголема работа во тимот, за потоа да следи и
она „главното“, откако беа запрашани дали ќе може да се купуваат нивни продукти
од собата за трофеи на Тотнем, која е празна, на што од компанијата возвратија
со фотографија на која ја објавија таа клупска просторија со празни витрини,
додавајќи дека е на продажба.
class="twitter-tweet">
Јасно, веднаш
потоа следеа многубројни тролања на Тотнем, а особено се потрудија навивачите
на Арсенал, па еден од нив објави видео како админот на „Дулукс“ наводно во придружба
на обезбедувањето на Тотнем е исфрлен вон стадионот, откако бил „уловен“ дека
поседува дрес на Арсенал, секако, ова е шега, но ќе признаете, добра.
class="twitter-tweet">