Реал Мадрид на
Островот за реванш пресметката со Ливерпул отпатува со капитална предност од
3-1 стекната од првиот меч на свој терен, капитална веројатно најмногу
благодарение на лошата форма на „Редсите“, особено на свој терен сезонава.
Како и да е,
Зидан имаше повеќе причини за задоволство, меѓутоа и повеќе од извесно е дека
еден момент од реваншот на „Енфилд“ особено му причини задоволство, а тоа е „одмаздата“
на Касемиро.
Ветеранот Милнер воопшто не се поштеди во стартот врз Бензема претходно на самиот меч, што повеќе од
веројатно е дека токму тој старт беше причината за „одмаздата“ на Касемиро кој
возврати во иста мера над Милнер нешто подоцна на мечот.
Ситуацијата се
прегледуваше и преку ВАР технологијата, но на крајот се утврди дека стартот на
Бразилецот не е за црвен картон, а Робертсон веднаш почна да се расправа со
фудбалерот на Реал Мадрид, за во позадина камерите да ја уловат „ѓаволската“,
како што велат многу фанови на социјалните мрежи, насмевка на Зидан.
