Белингем: Не е лошо за Чемпионшип играч, нели?

by
1 минути читање

За Џуд Белингам
медиумите на Островот пишуваа многу во периодот кога тој го носеше дресот на
Бирмингем, прашање на време беше кога ќе замине во поголем клуб, а
дополнителното прашање беше во кој клуб.

Иако постојано се
споменуваше Манчестер јунајтед, сепак, Борусија Дортмунд ја искористи својата
богата репутација на клуб кој важи како „фабрика“ за дополнителен развој на
фудбалски таленти, па го доби потписот на 17 годишниот Англичанец за скромни 25
милиони фунти минатото лето, скромни од денешен аспект.

Од Бирмингем
знаејќи за каков талент се работи, отидоа до таму што го „пензионираа“ дресот
со број 22, а пораката за таквата одлука на клубот беше во стилот
да се запомни еден од нашите и да ги
инспирира другите
, Белингам
импресионираше во дебитантската сезона во Лигата на шампионите, која синоќа
сопре во четвртфиналето по елиминацијата од Манчестер Сити.

Не е лошо за
Чемпионшип играч, нели?
“ одговори Англичанецот пред камерите на „БТ Спорт“
запрашан што би можел да издвои од неговите досегашни настапи во Лигата на
шампионите.

Секој натпревар
го земав во предвид сериозно, имав мали потешкотии на гостински терен кај
Лацио, а од тогаш па наваму мислам дека се
тргна на добро, се случија моите најдобри
перформанси досега во дресот на Борусија Дортмунд, вклучително и вечерашните

додаде младиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×