Невил реагираше по твитот на Фоден до Мбапе откако се дозна дека компанија му ги води социјалните мрежи на фудбалерот на Сити

by
1 минути читање

Веднаш по победата на Манчестер Сити над Борусија Дортмунд, осамна твит од профилот на Фил Фоден како му се обраќа на Мбапе и го прашува дали е подготвен.

Брзо потоа излезе информација деа Фил Фоден бил нервозен бидејќи компанијата која му го оддржува профилот твитнала без негово одобрение.

Реагираше Гери Невил кој им порача на фудбалерите сами да си ги водат профилите бидејќи во спротивно нивната автентичност е доведена во прашање.

„И пред неколку недели кажав дека фудбалерите имаат профили на социјалните медиуми кои им ги видат компании. Момци водете си ги сами своити профили! Вашата независна мисла и автентичноста се доведени во прашање. Тоа е вашиот глас, ничиј друг“, вели Невил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×