Ван дер Варт смета дека Томас Тухел треба да го игра Зијеш на местото од Вернер бидејќи германскиот фудбалер е во очајна форма.
Холанѓанецот би играл со Мејсон Маунт, Хаким Зијеш и Оливие Жиру во нападот.
„Доколку јас бев Томас Тухел, секогаш би го бирал Хаким Зијеш, едноставно бидејќи е најдобра опција досега“, вели Ван дер Варт.
„Тој може да влегува внатре и да креира шанси, исто како и Мејсон Маунт. Тоа е тоа што му треба на Оливие Жиру“.
„Тимо Вернер е супер брз, и можеби тоа е добро да се има на гостински натпревари кога Челси е под притисок“.
„Но се што прави е ја наведнува главата надолу и трча кон смртта. Маунт е фантастичен фудбалер, и мислам дека може да биде уште подобар, но Вернер навистина е како слеп коњ“.