728
Ибрахимовиќ ма 10 проценти од сопственоста од една онлајн обложувалница регистрирана во Малта.
Правилата на ФИФА и УЕФА велат дека фудбалерите, тренерите и останатите кои се дел од фудбалот не смеат да имаат никаква поврзаност со обложувањето.
Доколку ФИФА и УЕФА покренат истрага против Ибрахимовиќ, таа може да заврши со казна од 100.000 евра или суспензија најмногу до три години.
Доколку се случи Ибрахимовиќ да добие суспензија, тоа ќе значи и неславен крај на неговата кариера.
Се очекува тој во наредниот период да потпише нов едногодишен договор со Милан, па ваквите вести кои доаѓаат денеска се непријатни за неговата иднина.