Матераци: Милан заслужува да биде дел од Лигата на шампионите, а Јувентус е очаен

by
1 минути читање

Поранешниот фудбалер
на Интер, Марко Матераци верува дека Милан заслужува да се квалификува во
Лигата на шампионите за идната сезона, а за Јувентус има впечаток дека се
очајни сезонава, односно најлошиот тим од фаворитите во Серија А.

За момент
помислив дека Милан ќе потфрли, ќе загуби многу бодови, но тие станаа
конзистентни по однос на резултатите, а јас верувам дека тие заслужуваат да се
квалификуваат за Лигата на шампионите
“ смета Матераци.

Аталанта игра во
полна брзина, додека пак, сметам дека Јувентус се најлошите во моментов, очајни
се, следните натпревари ќе бидат од особено значење за нив
“ додаде тој.

Во продолжението
од разговорот за „Ил Матино“, Матераци објасни дека Џенаро Гатузо треба да има
дополнителен кредит на клупата на Наполи со оглед низ сето тоа што помина, ги
наведе честите проблеми со повреди во тимот каде настапува нашиот Елиф Елмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×