Шкендија е се поблиску до титулата, Шкупи киксираше против Беласица

by
1 минути читање

По 27. коло Шкендија дојде чекор поблиску до титулата откако тие победија, а нивниот најблизок конкурент загуби.

Шкендија со гол на Ибраими во 52. минута дојде до победата.

Шкупи доживеа неочекуван пораз од Беласица која со гол на Демир уште во 11. минута дојде до триумф.

Во директната битка за опстанок меѓу Вардар и Ренова немаше победник. Ренова поведе во 15. минута преку Јашароски, Мирчевски во 40. изедначи на 1-1.

Со истиот резултат заврши и мечот меѓу Струга ТЛ и Работнички. Домаќините со гол на Миленковски водеа со 1-0, но Марио Станковски изедначи на 1-1.

Македонија Ѓорче Петров со 2-1 го победи Борец. Фазли беше двоен стрелец за домаќините, Мишов во финишот постигна почесен гол за велешани.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Пелистер и Силекс кој го добија домаќините со 3-2. Кратовскиот тим со Ѓоргиев и Тантуровски водеше со 2-0, Битолчани преу Драгарски, Илиевски и Нето направи голем пресврт и дојде до победа.

Табела по 27 коло:

1. Шкендија 62

2. Шкупи 49

3. Македонија ЃП 47

4. Струга ТЛ 41

5. Работнички 40

6. Пелистер 35

7. Борец 33

8. Академија Пандев 31

9. Силекс 29

10. Ренова 28

11. Вардар 28

12. Беласица 17

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×