Рајс се распрашувал за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс наводно се распрашувал за Манчестер
јунајтед, а поточно, на таа тема ги прашувал конкретно своите соиграчи од
репрезентацијата на Англија и членови на тој клуб, Хари Мегваер и Лук Шо.

Се верува дека тоа
се случило за време на последната интернационална пауза, а од поодамна се
шпекулира дека „Црвените ѓаволи“ се сериозно заинтересирани за неговите услуги.

Манчестер
јунајтед е во потрага по засилување во средниот ред за претстојниот летен
преоден рок, а Рајс котира високо на списокот на желби на клубот од „Олд
Трафорд“.

За интересот на Манчестер јунајтед за потписот на Рајс медиумите на Островот пишуваат веќе две години, но се поставува дилемата дали фудбалерот би си заминал во случај „Чеканите“ да се изборат за место во Лигата на шампионите за идната сезона, а се на добар пат до тој успех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×