Во Италија
пренесуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис жестоко ги
нападнал челниците на италијанскиот фудбал за време на редовниот состанок на
Серија А, навестувајќи им дека ќе ги тужи доколку стадионите не се отворат за
навивачите.
„Кориере дела
Сера“ објави дека првиот човек на италијанскиот прволигаш го кренал својот глас
за време на состанокот и ка обвинил куќата на фудбалот во Италија дека е
раководена од некомпетентни кадри.
Медиумот додава
дека неговите обвинувања го приморале првиот човек на италијанскиот фудбал,
Габриеле Гравина, да побара од сите клубови да се адаптираат на принципите кои
се јасно наведени во самото натпреварување во моментов, а сето тоа како мерки и
рестрикции за заштита и превенција од коронавирусот.
Како и да е,
клучното прашање по кое Де Лаурентис го кренал својот глас се однесувало за
одново отворање на стадионите за навивачите, со тоа што весникот „Кориере дела
Сера“ ги пренесе зборовите на Де Лаурентис на тој состанок.
„Зошто да се
грижам за мерките доколку ние не ги отвориме стадионите? Нема да го почнам натпреварувањето
и ќе ве тужам сите“ им порачал на присутните, заканувајќи се со бојкотирање на
стартот на новата сезона.
Од Серија А веќе
испратиле барање до властите во Италија за дозвола за враќање на навивачите на
стадионите за неколку седмици, а сето тоа со почитување на сите мерки и
препораки, откако владата на Италија даде зелено светло за навивачи на
Европското првенство, односно 25% од капацитетот на фудбалската арена во Рим
каде се предвидени дел од натпреварите на европскиот турнир.