347
Европската куќа
на фудбалот УЕФА според информациите кои пристигнуваат е подготвена да го
промени правилото за гол на гости во Лигата на шампионите и Лига Европа за
идната сезона.
Под новите
регулативи, кои се очекува да бидат договорени во петок, правилото за предност
од гол на гости ќе се има во предвид до истекот на регуларните 90 минути игра,
а доколку натпреварот добие продолженија, во таа фаза ова правило не се зема во
предвид.
Сево ова го
објави „Сан“, од каде тврдат дека новите пропозиции се поддржани и од страна на
повеќето европски гиганти, наведувајќи дека челниците на Манчестер јунајтед, но
и Манчестер Сити се дел од оние кои дале зелено светло за новото правило.