169
За разлика од Мбапе, ситуацијата на Нејмар станува јасно, само прашање на време е кога ќе го стави потписот на новиот договор.
„Продолжувањето на договорот со ПСЖ веќе не е тема! Јасно е, тука ми е многу добро, се чувствувам како дома, посреќен сум од претходно“, изјави Нејмар за „ТНТ Спортс Бразил“, по мечот со Баерн.
Доцна синоќа и претседателот на ПСЖ потврди дека планираат големи инвестиции.
„Ќе инвестираме многу во клубот, Нејмар и Мбапе немаат изговор да го напуштат ПСЖ“, вели Ал Келаифи за „РМЦ Спорт“.
Но, за разлика од Нејмар, иднината на Мбапе е нејасна, тој сака да го напушти клубот и засега ги одбива предлозите за нов договор со ПСЖ.