Силекс го уништи Вардар, Шкендија убедлива против Ренова

by
1 минути читање

Силекс со 6-0 го демолираше Вардар, црвено-црните кои се наоѓаат во тешка ситуацијата ќе имаат речиси невозможна мисија да изборат опстанок во лигата.

Интересно, головите за Силекс ги постигнаа двајца фудбалери. Најпрво Ристов комплетираше хет-трик, а потоа три гола даде и Ѓоргиев.

Шкендија со 3-0 ја победи Ренова, Ибраими, Вандерсон Силва и Елези ги постигнаа головите за тимот кој сигурно гази кон шампионската титула.

Академија Пандев доживеа пораз на свој терен откако загуби од Шкупи со 1-0 со погодок на Диак Ламине во финишот од мечот.

Гостинскиот триумф оствари и Струга ТЛ која го победи Борец со 1-0 со гол на Мециновиќ на почетокот од второто полувреме.

Македонија Ѓорче Петров со 2-0 ја победи Беласица во Струмица, головите беа дело на Робсон Да Силва и Чарлестон.

Синоќа Работнички со 3-1 беше подобар од Пелистер.

Табела по 26. коло:

1. Шкендија 59

2. Шкупи 49

3. Македонија ЃП 44

4. Струга ТЛ 40

5. Работнички 39

6. Борец 33

7. Пелистер 32

8. Академија Пандев 31

9. Силекс 29

10. Ренова 27

11. Вардар 27

12. Беласица 14

Фото: ФК Шкнедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани