Актуелниот
француски првак ПСЖ славеше убедлива победа од 1-4 на гостувањето кај Стразбур
во редовното 32 коло од Лиг 1, меѓутоа во тимот предводен од страна на Маурицио
Покетино се случи проблем пред реванш пресметката со Баерн Минхен во вторник.
Првиот чувар на
мрежата од голот на ПСЖ, Кејлор Навас одигра само едно полувреме, по што беше
заменет со Серхио Рико, а по самиот меч Покетино за време на пресконференцијата
наведе дека се надева дека не станува збор за повреда од посериозен карактер.
„Излезе од мечот
како мерка на претпазливост, имаме доста квалитетен медицински тим, одлични
професионалци, одлучивме да не игра повеќе на овој натпревар за да не
ризикуваме, се надеваме дека не станува збор за повреда од посериозен карактер“
рече Покетино.
ПСЖ во првиот меч
кај Баерн Минхен славеше победа од 2-3, а со тоа е со една нога во полуфиналето
од Лигата на шампионите, Навас е неизвесен за настап на реваншот, а Покетинот сигурно
нема да може да смета на Курзава, Верати и Маркињос.