Според пишувањата
на „Газета дело Спорт“, растат тензиите помеѓу Пауло Дибала и Јувентус, со тоа
што Аргентинецот размислува за опцијата да го напушти Торино како слободен
фудбалер на трансфер пазарот идната година.
Актуелниот договор
на Дибала истекува во јуни идната година, а весникот додава дека обете страни
се уште не постигнале договор за продолжување на соработката, иако клубот
презел чекор.
„Газета дело
спорт“ информира дека Јувентус му понудил на Дибала нов договор со годишна
плата од 10 милиони евра ланското лето, меѓутоа понудата била одбиена и повеќе
не е во игра.
Последните
информации говорат дека Аргентинецот барал 15 милиони евра, а клубот се повлече
од намерата да му ја достави новата понуда откако овој ги прекрши мерките и
протоколите за заштита од ковид-19 присуствувајќи на забава заедно со МекКени и
Артур.