Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација забележа напредок од три позиции на ранг
листата која ја „освежи“ и објави Светската фудбалска федерација – ФИФА, а тоа
секако се должи на одличните резултати изминатиов период.
Има за што да
жалиме за поразот од Романија со 3-2 во квалификациите за СП 2022, меѓутоа и за
што да се радуваме, можеби не толку за убедливата победа над Лихтенштајн од
5-0, туку сензационалната од 1-2 кај Германија во Дуизбург.
Со тоа Македонија
е 62 фудбалска сила во светот, а во однос на нашите ривали во квалификациите за
СП 2022, Германија е 12, Романија 43, Исланд 52, Ерменија 90, односно Лихтенштајн
186.
Белгија е првата
фудбалска сила во светот во моментов, по неа следат Франција, Бразил, Англија и
Португалија.