Суарез се повреди на тренинг

by
1 минути читање

Постои
загриженост во таборот на Атлетико Мадрид поради фактот што напаѓачот Луис
Суарез денеска мораше да го напушти тренингот откако се здоби со повреда.

Ремито против
Гетафе, но и поразот од Севиља ги разнишаа очекувањата за титула во Атлетико
Мадрид изминативе неколку седмици, играта не е за пофалба, а тоа донесе и надеж
за Барселона, но и Реал Мадрид кои очекуваат киксови од „Јорганџиите“.

Повредата на 34
годишниот Суарез секако е проблем за Диего Симеоне и покрај фактот што
Уругваецот поради суспензија ќе го пропушти претстојниот меч со Бетис, а
дополнителни медицински тестирања ќе покажат дали ќе биде во комбинација за
натпреварите потоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани