74
Реал Мадрид направи предност од два гола разлика по првиот меч со Ливерпул откако победи со 3-1.
Резултатот го отвори Жуниор Винисиус во 27. минута, а десет минути подоцна Асенсио зголеми на 2-0.
По шест минути игра во вториот дел, Салах го намали резултатот на 2-1, но во 65. минута со својот втор гол на мечот, Жуниор ги постави конечните 3-1.
Во натпревар со драматичен финиш Манчестер Сити со 2-1 го победи тимот на Борусија Дортмунд.
Граѓаните поведоа уште во 19. минута од мечот, и водството од 1-0 беше актуелно се до 84. минута кога Ројс изедначи на 1-1.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, во 90. минута по асистенција од Гундоган, Фоден погоди за победа на Манчестер Сити од 2-1.