75
Поранешниот
напаѓач на Милан, Бразилецот Пато објави дека ја примил првата вакцина против
коронавирусот во Соединетите Американски Држави.
31 годишниот
фудбалер моментално настапува за Орландо Сити, Флорида, екипа која се
натпреварува во МЛС шампионатот, откако на овој тим му се приклучи во февруари
годинава, а потпиша едногодишен договор.
Пато во
понеделникот веста за вакцината ја објави на социјалните мрежи заедно со својата
сопруга Ребека Абраване.
„Денеска јас и
мојата сопруга ја примивме првата вакцина, убаво е да се види дека доаѓаат
подобри денови!“ напиша тој вчера на социјалните мрежи.