Предводникот на
Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета дека неговиот тим неправедно бил критикуван од
јавноста сезонава, а низата на „Кралевите“ од девет победи и две ремија во
последните 11 меча говори дека се во добар момент, како што вели и самиот
француски фудбалски стратег.
„Ние како тим
заслужуваме доверба од јавноста во нас, тоа што е кажано, ние не можеме да го
промениме, меѓутоа тоа што можеме да го сториме е секако максимално посветено
да ги извршуваме сопствените работни задачи секојдневно“ изјави Зидан на
пресконференцијата во пресрет на утревечерниот дуел со Ливерпул во
четвртфиналето од Лигата на шампионите.
„Низ историјата
наназад, овој тим секогаш правел пресврти во позитивна насока за самиот клуб, а
прави и пресврти за тоа што е кажано за истиот, никогаш не се предаваме,
никогаш, се бориме до последен здив кога постои и минимална шанса за успех“
додаде тој.
„Имавме навистина
тешки моменти, сега сме во добар момент, иако тоа ништо не значи ов моментов,
потребно е да продолжиме со битката и натаму“ заклучи Французинот.